Излезе плакатот за борбата на Бобан Илиоски на ВАКО Про Арена фајт турнирот на 24 март во Будва

Излезе плакатот за борбата на Бобан Илиоски на ВАКО Про Арена фајт турнирот што ќе се одржи на 24 март во хотелот Сплендит во Будва во Црна Гора.

На овој турнир во една вечер преку елиминации ќе се борат најдобрите борци шампиони во ВАКО до 86 кг во дисциплината К1.

Ќе настапат четворица кикбоксери:

1.Бобан Илиоски – Македонија
2.Борна Манојловиќ – Хрватска
3.Алберт Угринчиќ – БиХ
4.Филип Секуловиќ – Црна Гора

За овој настап Илиоски се подготвува во Холандија, а во меѓувреме имаше борба настанот Фајт најт топ екшн во Турнхоут, Белгија, при што славеше со нокаут против домашниот кикбосер Леви Кујкен во К1 до 85 кг.

Од нашиот табор стигна извествување дека на овој настан ќе настапи и Филип Ризов во категоријата до 63 кг во лоу кик против Илија Перовиќ од Црна Гора.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON