Официјален плакат на Гого Славески за борбата на 15 септември

Излезе најавниот плакат за борбата на Горјан-Гого  Славески на 15 септември во Роузмонт во Илиноис, САД. Славески досега има две победи во професионалата кариера, но поради повреда на раката мораше да пузаира подолго време. Откако ја санира повредата тренира со полна пареа, а името на противникот се уште не го знае.

„Детали ќе ги знам наскоро, сега за сега само ја знам датата. Не го знам противникот, а не сум сигурен во која категорија ќе настапам. Можно е да настапам во суперсредна, а може и во средна категорија“, изјави неодамна Гого Славески за Ipon.mk и додаде „Ќе одам на нокаут, како и секогаш. Борбата е во 4 рунди, така што да нема многу време за тактизирање. Победата е неминовна“.

Гого вели дека наскоро очекува убави вести кои ќе ги сподели со читателите на IPON.mk, а ќе ја израдуваат македонската боксерска јавност.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО