Избрани најдобрите спортисти на Град Скопје за 2023-доминација на кикбоксерите и каратистите

Упорноста и резултатите секогаш носат успеси, а во полето на спортот истото има значително значење. Денес, 22.12.2023 (петок), во Кино Фросина во МКЦ, се одржа свеченото доделување на наградите „Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ од страна на Град Скопје и Сојуз на спортови на Скопје.

Најуспешните беа наградени согласно различните утврдени категории во склоп на донесената одлука од страна на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје и доделување на награди и признанија за 2023 година.

Во категоријата најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), наградени се:

1.Силвио Мировски (Кик бокс клуб Гладијатор – 2 место Европско првенство кик бокс),

2.Витомир Трајковски (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада, 3 место Европско првенство, 1 место Универзијада),

3.Калин Ивановски (Тениски клуб Југ пласман во 1/4 на АТП челинџер 100 Иаси, Романија),

4.Стефан Стојановиќ (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада),

5.Бесир Алили (Боречки клуб Лирија – 5 место Европско првенство),

6.Ива Богдановска (Џудо клуб Миоки – 3 место Балканијада, 9-то Европско првенство),

7.Георгина Блажеска (Џудо клуб Миоки – 3 место Балканијада),

8.Јована Мицовска (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада),

9.Иван Галевски (Ракометен клуб Алкалоид),

10. Никола Ѓуретановиќ (Пливачки клуб Вардар 2018 – 6 место на Централно европски игри).

Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), наградени се:

1.Бобан Илиоски (Кик Бокс клуб Шампион – Светски шампион во кик бокс – лоу кик до 86 кг),

2.Мери Акиевска (Бодибилдинг/фитнес клуб Магнус – светска шампионка во Бодибилдинг – Велнес до 158 цм),

3. Игор Стефановски – Иџе (Авто-мото клуб АКК Стефановски – европски шампион во ридски патеки),

4.Дејан Георгиевски (Таеквондо клуб Бутел – трето место, Европски игри во Полска; во опен Г-1 има освоено 2 златни, три сребрени и еден бронзен медал),

5.Ахмад Магомедов (Боречки клуб Студеничани – 3 место Европско првенство во борење слободен стил до 79кг), 6.Дарио Ивановски (Маратон клуб Корранерс – нов рекорд во маратон Валенсија 02.11.53, Балкански шампион во полумаратон),

7.Лина Ѓорчевска (Тениски клуб Југ – 1.место W40),

8.Андреас Трајковски (Атлетски клуб Работнички – скок во далечина- нов рекорд 7.91 метар, 3 место на Балканско првенство во скок во далечина одржан во Краљево, Србија),

9.Патар Заборски (Карате клуб Макпетрол – 3 место екипно Медитеранско првенство, 3 место Балканијада, 1 место Универзијада, 3 место Светска карате лига),

10.Петар Спасеновски (Карате клуб Макпетрол – 3 место Универзијада, 1 место екипно, 5 место на Медитерански).

Во категоријата најуспешна спортска екипа од Скопје наградата е доделена на 1. Специјална Олимпијада (за високи резултати освоени во бадминтон, пливање и атлетика со повеќе спортисти, Јане Никодиновски, Стефан Трпковски, Марио Мицовски и Јулијана Петровска на Летни светски олимписки игри во Берлин 17-25.06.2023 година).

Во категоријата најуспешен тренер награден е Дејан Митровски (Кикбокс клуб Шампион, Фитнес клуб Магнус за двајца светски шампиони во два спорта).

Оваа година, во категоријата, најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје, поради немање високи резултати од странските играчи, кои настапуваат за скопски клубови, не е доделена награда.

Од македонските спортисти, за најуспешен спортист со награда се здоби Андреј Стојаноски (Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода – 6 место на Светско првенство 50 м градно и 6 место на Светско првенство 400 м мешано во Буенос Аирес).

Покрај признанијата, на добитниците, спортистите и трененерот, им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 185.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON