Мексиканската суперѕвезда Канело Алварез се бореше во жестока конкуренција во боречките спортови за да биде прогласен за најдобар борач на деценијата.
Алварес стана шампион во четири категории откако минатиот месец ја освои ВБО титулата во полутешка категорија, совладувајќи го Сергеј Ковалев.
Иако минатата недела се откажа од појасот во полутешка категорија, тој обезбеди место на врвот на најдобрите од светот на боксот и ММА, според изборот на „12 аперкат“.
Во оваа деценија доживеа пораз единствено од Флојд Мејведер, но како оттогаш да стана најдобриот боксер во светот, наведува порталот.
„Никој во борба не може да ја постигне неговата комбинација на вештини, достигнувања и доследност во последните 10 години. Никој“, пишува 12uppercut.
Интересно е тоа што на листата ги нема моментално најпопуларните прваци во бокс и ММА, Ентони Џошуа и Хабиб Нурмагомедов.
Листа на најдобрите 12 борачи во измината деценија:
1. Канело Алварез (23-1-1)
2. Џон Џонс (16-0)
3. Мени Пакијао (12-4)
4. Флојд Мејведер (10-0)
5. Даниел Кормиер (21-2)
6. Андре Вард (11-0)
7. Жорж Сент Пјер (7-0)
8. Конор Мек Грегор (18-3)
9. Аманда Нунес (15-3)
10. Генади Головкин (22-1-1)
11. Ронда Роузи (12-2)
12. Владимир Кличко (11-2).