Македонските каратисти во категоријата до 75 колограми имаа одличен настап на Светскиот куп „Лашко 2016“ во Словенија. Иво Цветковски од Металург и Тодор Ристески од Спорт 94 се сретнаа во полуфиналето на категорија, а и Енес Смаилагиќ со две победи.
Иво Цветковски ги совлада Стефан Петков од Бугарија 3-0, Габор Харспатаки-Унгарија 1-0, Мурат Сахин-Швајцарија 2-1 и во полуфиналето Тодор Ристески со 8-0. Ристески на патот до полуфиналето ги победи: Јусеф Хасани-Алжир 3-2, Игор Попович-Украина 1-1 (на изјаснување), Марјан Логарушиќ-Хрватска 1-0 и Никола Јовановиќ-Србија 2-0. Ристески во директната борба за бронзениот медал во репасажот беше поразен со судидка одлука откако борбата со Швајцарецот Сахин заврши 0-0.
Енес Смаилагиќ беше подобар од Антон Бродовскиј од Украина 2-0 и од Адам Јахија Шериф од Алжир со 2-1. А загуби со 4-0 од Мајед Ахалифах од КСА. Му се укажа шанаса во репасажот, која за жал не ја искористи, бидејќи загуби од Рајан Џеј од Англија со 6-0.
Сашко Патраклиев од КК Македонка е со биланс 2-1, победи против Ибрахим Нантуми од КСА и Пламен Мошеков од Бугарија со по 2-0, а загуби од Роман Рехлитскиј од Украина со 1-0. Иако Огнен Груевски во првата борба беше совладан од Мери Муховиќ од Босна и Херцеговина со 4-0,но поради неговиот пласман во финалето каратистот на Металург доби шанса во репасажот против Љубиша Михаиловиќ од Црна Гора,која не ја искористи, бидејќи беше поразен со 2-1.
Во оваа категорија останува нејасно дали Виктор Крстевски е диквалификуван или бил повреден па неможел да ги продолжи натпреварите, затоа што ја има добиено борбата против Микола Буријак од Украина со 5-0.
Во најтешката категорија над 84 килограми, Жарко Арсовски-Макпетрол, стигна до полуфиналето откако славеше над Бенјамин Нуркиќ –БиХ 1-0, Себастијан Будихна-Словенија 0-0, Миралем Манџука –БиХ 1-0, а во полуфиналето е поразен од Турчинот Зија Јашар 1-0. Во борбата за бронзениот медал загуби 1-0 од Алжирецот Мисипса Хамидини. И Мики Стојмановиќ од истиот клуб доби шанса во репасажот, но загуби 4-0 од Алжирецот Хамадини.
Наташа Стефановска (-61 кг) од Макпетрол ги мина првите две кола, совладувајќи ги Жаклин Фактос од Еквадор и Олга Степанова од Русија сопо 1-0, а во третото загуби 2-1 од Стефани Кауп од Австрија. Сепак, во оваа категорија Сара Симоноска од Спорт 94 имаше можност преку репасажот да се избори за медал, иако во првото коло беше поразена со 6-0 од Украинката Анита Сегорина, која се пласира во финалето и ја повлече нашата натпреварувачка. Симонска во првата борба ја совлада Бернадет Јухаш од Унгарија со 5-0, но во наредната беше поразена од Тина Мариќ од Хрватска со 4-0.
И Марија Василева (-68 кг) имаше две победи и еден пораз. Славеше против Фортеса Орана-Косово 2-1 и Емина Бркиќ-Б и Х 3-1, а беше поразена со 8-0 од Алиса Бухингер од Австрија. Во репасажот Украинката Ирина Каминска ја победи Ваислева со 2-1.
Ipon.mk/В. Д.