Иво Сандев со маестрален настап на Астерикс купот, 14 медали за Феникс кик

Изминатиот викенд Таеквондо клубот Феникс кик на Меѓународниот турнир во Ниш на 2.Астерик куп (20 мај) освои 14 медали со исто толкку натпреварувачи.

„Од сите наши учесници мора да го издвоиме Иво Сандев кадет – 45 килограми кој по трасферот на почетокот на сезоната во нашиот клуб го забележа најдобриот резултат, златен медал со четири маестрални победи. Во А класа учествуваа Ива Сандева кадет – 51кг сребрен медал, Дамјан Сандев Јуниор-48 кг сребрен медал и Стефан Димовски пионер (7-9) сребрен медал кој покажа инзворедна борба со противникот од Бугарија и ја дигнаа целата сала на нозе“, вели тренерот Александар Велјановски.

Во Б класа учествуваа 10 натпреварувачи и ги освоија следните медали:
Христијан Спировски кадет – 49 кг златен медал
Марко Грујоски пионер +57кг златен медал
Ѓорги Хасаноски пионер -52кг златен медал
Давид Цеков пионер -52кг сребрен медал
Петар Боневски пионер -52 сребрен медал
Борис Симоновски пионер – 25 кг бронзен медал
Дамјан Василевски пионер -19 кг бронзен медал
Петар Китановски пионер – 31кг бронзен медал
Димитар Ристов пионер – 33кг бронзен медал
Лука Анчевски пионер – 40 кг бронзен медал.

„Лично, како тренер, сум презадоволен од поститгнатите резултати за оваа полусезона. Од септември со нови сили да ги подобриме резултатите до крајот на натпреварувачката сезона“, истакна Велјановски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON