Ивандер Холифилд знае во што најмногу греши Ентони Џошуа, па му даде совет

Пред неколку дена Еди Херн објави дека Ентони Џошуа (24-3, 22 КО) може да има најмалку три борби оваа година.

Поранешниот светски шампион во бокс ги загуби последните два меча, a од него двата пати подобар беше Александар Усик.

Џошуа моментално составува тим со нов тренер со цел да се врати во рингот за неколку месеци.

Херн истакнува дека сакаат Еј Џеј прво да најде полесен противник, да се обиде да му ја врати самодовербата, а потоа би следеле натпреварите против Вајт и Вајлдер.

Легендарниот Ивандер Холифилд има совети за олимпискиот шампион од Лондон во 2012 година.

„Ентони е добар боксер, но не удира доволно. Тој е огромен, но не знае како да го искористи тоа. Тој е голем фраер и треба повеќе да го користи предниот директ – изјави Ивандер Холифилд и продолжи:

„Така се бореше Адонис Стивенсон. Ако го фатеше противникот на спиење со преден директ, ќе го казнеше со удар од десната рака. Џошуа може да боксира, но треба да биде поагресивен. Не смее да дозволи противниците да бидат поактивни од него“.

По првиот пораз од Александар Усик во септември 2021 година британскиот боксер се раздели со својот долгогодишен тренер Роб МекКракен и го ангажираше Американецот Роберт Гарсија.

Во август Џошуа се обиде да му се реваншира на Усик и да си ги врати титулите во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, но не успеа.

После тоа му врачи отказ на Гарсија и сега е во потрага по нов тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON