Легендарниот Ивандер Холифилд тврди дека е доцна за егзибициска борба со Мајк Тајсон.
Холифилд вели дека повеќе не е заинтересиран за потенцијална трета борба против Тајсон, откако требаше да се борат во 2021 година.
Ивандер го направи своето боксерско враќање против Витор Белфорт во септември 2021 година, губејќи во првата рунда со ТКО.
Се чини дека слабиот настап против Белфорт беше доволен за 59-годишниот Холифилд засекогаш да ги закачи ракавиците.
„Не знам дали ќе се борам со Мајк Тајсон, мислам дека е доцна за таква борба.
Луѓето можеби го сакаат тоа, но се е минато. Да, јас сум во пензија. Нема повеќе да се борам“, изјави Холифилд за ТМЗ.
Секако, Холифилд нема што да докажува против 56-годишниот Тајсон. Тој го победи Ајрон Мајк со TKO во 1996 година, а потоа повторно со дисквалификација една година подоцна кога Тајсон му одгриза дел од увото на Холифилд.