Иван Викиќ го очекува нова ММА борба на 28 мај, овој пат настапува на „Ноќта на нокаути 2“ во Вировитица против Саша Климек.
Борбата ќе биде во апсолутна категорија, а Климек е тежок 140килогарми и висок 190 см.
„Мене ми е чест да се борам против овој голем борец, а за мене тоа не е проблем, не ги бирам борците и никогаш не ги местам борбите. Секогаш сум за фер-плеј, тоа го работам од срце“, вели поранешниот борач на Спартак од Кочани, Иван Викиќ.
Тој им упатува посебна благодарност на ресторанот Але-дар од Кочани и Мира Костиќ, кои го помогнаа за овој настап.
Викиќ на последниот ММА настап беше поразен од Иван Тадијанов во Винковци.
Ipon.mk/В. Д.