Иван Викиќ на 25 ноември ќе го направи своето деби на ММА сцената во Германија на „Ноќата на големите фајтери 2“.
Викиќ во германскиот град Офенбург ќе се бори против Чеченецот Хајрудин Хутиев од Мирко фајтџим во категоријата до 93 килограми. Инаку Иван од неодамна потпиша за Тим Кобрас од Германија предводен од Брацо Тасиќ.
„Ова е прва борба за Кобрас тим, поради што многу сум му благодарен на Брацо Тасиќ кој ми овозможи да настапувам во Германија. Ќе дадам се од себе да победам. Се чувствувам подоготвен, бидејќи доста време сум посветен на овој меч“, вели Викиќ.
Ipon.mk/В.Д.