Поранешниот борач на БК Спартак и ММА борец, Иван Викиќ, има менаџер. Неговите интереси ќе ги застапува Братислав Тасиќ – Брацо.
Тасиќ се занимава со орагнизација и менаџмент на ММА мечеви и турнири, а има и свој клуб во Карлсруе во Греманија. За „Кобрите“ на Тасиќ, кој по потекло е од Ниш-Србија, настапуваат борци од Србија, Црна Гора и Македонија.
„Сега ќе биде многу полесно, бидејќи до сега се сам правев, однонсо барав каде има турнири, па договарав настапи, организирав транспорт итн. Сега треба само да работам оти менаџерот ќе се грижи за моите настапи, опермата и патувањата, така што успехот нема да изостане. Нема да се оптоварувам со непотребни работи“, изјави Викиќ за Ipon.mk.
Тасиќ организра мечеви и на Балканот и во Запдна Европа.
Ipon.mk/В.Д.