Иван Викиќ во номеври на настанот Милано кејџ 6 во Италија се бореше против домашниот борец Паоло Зорзи во тешка категорија и ја загуби борбата, при што Викиќ ја оспори борбата, затоа што Италијанецот удирал нечисто, а орагнизаторот не соопштил дека таа средба е за појас. Сепак, борбата е поништена од страна на Националната комисија на Италија, односно е прогласена за „не одлучена“, откако поденесе жалба по поразот борачот на Балканец, порано и на Спартак. Така, борбата се брише и Иван Викиќ во 2018 е со скор 4-2-1.
Италијанците се подготвени да му ја надополнат штетата на Викиќ за овој меч и патешествието што го имаше.
„Има Господ! Конечно е донесена одлука! Борбата против Паоло Зорзиa е поништена! Половина Европа ја поминав за да се борам поштено, но домаќинот не беше поштен, употреби удар со глава и 21-удар во тилот, каде што е забрането. Сепак, има некој што го виде тоа и донесе вистинска одлука! Одам понатаму. Мојот резултат во 2018 e: 4-победи, 2- порази и 1-поништена борба. Два појаси. Чекам да ми ја запишат 4-татаа победа. Сега следува мал одмор“, изјави Викиќ за Ipon.mk по добрата вест од Италија.
По поразот од Зорзи во ноември Иван за Ипон рече:
„За жал, изгубив на самиот крај на првата рунда. Влегов без трема и желен за борба, а тоа го докажав така што цело време ја водев борбата. Успеав да му ја отворам аркадата. Со тоа си докажав на себе дека и тој е човек како мене, а не Ѕвер. Не знаев дека оваа борба била шампионскиот појас на нивната организација, а тоа го дознав кога го прогласија победникот, тогаш го донесоа појасот. Така, криво ми е што не знаев дека се борам за појас. Поминаа и многу недозволени удари и добив удар со глава, што до сега не сум го видел никаде. Беше посилен и му честитам“.
Да потсетиме, Вичиќ имаше поддршка од нашинците од Кочани и други места од Македонија и тогаш рече дека тоа посебно му значело.
Ipon.mk