Борачот на Бучим од Радовиш и репрезентативец на Македонија, кој произлезе од школата на Спартак, Иван Јанев, излезе со интересен статус на својот ФБ профил во врска со спортот во Макеоднија и младите спортисти со 20 години. Тој ги прозива институциите за ваквата ситуација.
„Сите сме сведоци дека добрите и успешни спортисти ја завршуваат кариерата околу 20-годишна возраст. Најчесто поради тоа што мора да почнат да работат за да си обезбедат финансиски средства. Дали некогаш се запрашале АМС, МОК, ФФОСЗ и други институции зошто да биде така и дали е посветено внимание на оваа проблематика. На пример, во моментов ниту на локално ниту на државно ниво не постои стипендија или било каков вид на поттик за спортисти над 20-годишна возраст. Кај и да се свртиш до 20 годишна возраст. Аман бе, па тогаш зошто да се вложува во младите, секако еден ден ќе бидат сениори и кога најмногу од се ќе им треба поддршка од државата и клубовите, тогаш автоматски се става крај на сиот вложен труд во претходните години. Не е погрешно да се стимулираат младите и да се вложува во нив, но односот кон спортистите со над 20 години е катастрофален. И сега? Немаме сениори, а не пак да бараме успех од нив“, напиша Јанев.
Ipon.mk