Иван Јанев од Спартак потпиша за Бучим-Радовиш

Иван ЈаневДо 30 јанураи е предониот рок во борењето. Засега, најинтересен е трансферотна еден од најталентираните борачи на БК Спартак од Кочани, Иван Јанев. По десет години верност на Спартак тој потпиша за БК Бучим-Радовиш од Радовиш.

„Иако немав намера да ја сменам средината, сепак, условите и околностите што владеат во кочанското борење, ме натераа да размислувам за мојата понатамошна кариера. Не случајно ја избрав екипата на „Бучим-Радовиш“, бидејќи знам дека се работи за организиран клуб во кој секој млад борач може да напредува. Веќе од февруари ме очекуваат државните и изборните првенства, на кои ќе го дадам максимумот за што подобри резултати. Ќе се натпреварувам во категоријата до 60 килограми во јуниорска конкуренција и до 61 килограм во сениорска конкуренција“, изјави Јанев по потпишувањето за Бучим-Радовиш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON