Иван Емелијаненко дебитираше во ММА на 35-годишна возраст. Помладиот брат на Фeдор и Александар ги тестираше силите против џудистот Алексеј Леденев. Борбата меѓу нив се случи синоќа во Москва во рамките на гала вечерта на Фајт клуб Рен ТВ.
Првата рунда помина со предност на Емелијаненко. Иван беше доста агресивен во оваа рунда и со силно десно кроше го собори Леденев. Алексеј можеше да се исправи, но беше очигледно дека ја загуби оваа рунди.
Во втората рунда Леденев не беше лош. Го држеше центарот на кафезот и задаваше удари во главата на Емелијаненко. Иван се концентрираше на поединечни удари и воопшто не импресионираше во оваа рунда. Леденев конечно го најде својот ритам во третата рунда.
Изгледаше многу подобро од претходните рунди и дури обидуваше со високи удари. Иван беше доста уморен и не покажа ништо добро. Се обидуваше со ниски ножни удари, но тие изгледаа лошо. На крајот дуелот дојде до одлука на судиите, а очигледно својот збор го кажа и нокдаунот од првата рунда.
Судиите беа едногласни во победата на Иван Емелијаненко, кој ја забележа првата победа во ММА.
Ivan could have been one of the GOATs pic.twitter.com/dLUdTzaaW0
— caposa (@Grabaka_Hitman) May 26, 2023
Ivan Emelianenko against former Russian Judo champ Alexei Ledenev is about to start now. Should be interesting.
▶️https://t.co/rY87FXc6Mi https://t.co/StvmcYoJe1— caposa (@Grabaka_Hitman) May 26, 2023