Ива Сандева од ТК Петровец од Скопје го освои првото место во категоријата до 36 килограми за пионери на исклучително силниот таеквондо турнир „Прв трофеј на Хереја-Прв куп на корејскиот пратеник“ во Софија, Бугарија, каде што имаше околу 1000 натпреварувачи од 14 земји.
Делини учествуваше со шест натпреварувачи, тројца во кадетска конкуренција и тројца во пионерска. Давор Крстевски и Иво Сандев во првото коло победија, но во второто се поразени, додека Христијан Спасовски, Никола Џопевски и Деспина Јовчевска беа поразени уште во првото коло.
ipon.mk/В.Д.