Таеквондо клубот Борец од Чучер Сандево осво седум медали на Меѓународниот турнир „Нерон опен“ во Софија-Бугарија, од кои 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени, сите во А класа и во конкуренција со натпреварувачи со големо искуство и црни појаси.
„Златниот медал го освои Ива Поповска, која убедливо ги победуваше нејзините противнички со над 10 поени разлика, иако се уште е тазе влезена во старосната категорија кадети“, посочува нејзиниот тренер Марио Ацевски.
Сребрени медали освоија Александра Чакалиќ и Дебора Брњарчевиќ, а бронзите се за Филип Манџуковски, Стефанија Радевска, Сања Поповска и Христијан Цајкиќ.
„Христијан Цајкиќ е нов член во Борец и вежба само четири месеци и е најсвеж во натпреварувацкиот тим на клубот. Ова му е прво натпреварување. Помина две кола, односно изгуби во третата борба, што е вистинска реткост, затоа што работеше во А класа“, констатира Ацевски.
Тој очекува уште успеси оваа година, зашто верува во неговите пулени.
Ipon.mk/В.Д.