Ива Богдановска балканска џудо вицешампионка за кадети

Македонската репрезентативка Ива Богдановска освои сребрен медал на Балакснкото џудо првенство за кадети во Подгорица, Црна Гора.

Во категоријата на Богдановска, до 63 килограми, имаше 21 натпреварувачка. Таа имаше 4 одлични борби.

„Богдановска во многу силна конкуренција во категоријата до 63 кг, каде што имаше вкупно 21 претставничка, освои сребро, што претставува многу значаен медал за македонското џудо. По слободното прво коло, во вториот круг Богдановска ја совлада Турчинката Бајур Алејна, во третиот круг, односно четвртфиналето, беше поуспешна од ривалката од Молдавија, Дорина Рубановици, со што се пласираше во полуфиналето, каде што ја совлада претставничката од БиХ, Ана Скиљевиќ. Во финалната борба загуби од репрезентативката на Романија, Изабел Боб. Со оглед на масовноста и квалитетот на ова првенство, кое беше како никогаш досега, Богдановска уште еднаш потврди дека има потенцијал за постигнување врвни спортски резултати. Од преостанатите наши репрезентативци, највпечатлив настап имаше Георгина Блажеска (до 48 кг), која со две победи и два пораза се пласираше на солидното седмо место“, изјави селекторот на македонската кадетска репрезентација и тренер на ЏК Миоки, Игор Паскоски.
На Балканијадата во Подгорица настапија вкупно 340 учесници, меѓу кои и осум од Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON