Македонската карате репрезентација е поразена од Италија со 2-0 на Европското првенство во Коџаели, Турција, во екипниот дел.
Ова беше меч од второто коло, а во составот на нашата репрезентација се Жарко Арсовски, Берат Јакупи, Виктор Кртсевски, Мартин Несторовски, Емил Павлов, Енес Самилагиќ и Петар Заборски.
Потоа екипата на Италија во дербито со Франција беше поразена со 0-3, така што изостана можноста преку репасаж да се дојде до подобар пласман и најмалку бронзен медал.
Женската репрезентација треба да се бори со Украина.
Ipon.mk/В.Д.