Историско финале на еден каратист на европските првенства во кати поединечно. Абдурахим Идризи се пласира во финалето на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар.
Идризи за златниот медал ќе се бори со Ѓунгел Селахетин од Турција.
Абурахим во првото коло беше слободен, а второто го совлада Гркот Димтрос Герзелис со 4-1, потоа со 3-2 славеше на Данила Мамчуровски од Русија и во полуфиналето против Португалецот Жоао Касимиро со 4-1.
Реџеп Мустафовски во јуниорска конкуренција-кати е поразен од Лука Бокарица од Хрватско со 5-0. И Ферри Исиќ во У-21 е поразен со 5-0 од Греманецот Лауренц Бренер.
Кадетката Киријана Камческа во првиот настап беше подобра од Унгарката Софија Бановиќ со 3-2, но во втората средба беше поразена со 4-1 од Лаура Фершниг од Австрија.
Ipon.mk/В.Д.