Во пресрет на Европското првенство за региони кои утре и во недела се одржува во Приштина, Косово, разговарвме со првиот човек на Карате федерацијата на Косово, Исмет Красниќи.
Господине Красниќи ја добивте организацијата на Евроското првенство за региони како најмлада ченка на ВКФ и ЕКФ, што е голема чест и признание за косовското карате. Дали сте изнанди од оваа одлука?
-Одржувањето на ЕП за региони е голема привилегија за Крате федерацијата на Косово (КФК), истовремено е и голем предзвик, затоа што на челниците ЕКФ треба да докажеме дека и ние како КФК можеме да организираме голем меѓународен настан.
Ова значи дека имате голем предизвик да бидете добри домаќини. Што се преземавте за да ја оправдате довербата на ВКФ?
-По прземеањето на функцијата претседател на КФК на 20 ноември 2016 година, како прво формирав организационен совет само за ЕП. Целосно сме мобилизирани, од функционери, тренери, клубови и многу родители волонтери, за да испадне што подобро и да има позитивна реакција од страна на ВКФ и ЕКФ.
На почетокот имаше многу недоверба за организацијата на ЕП кај многу европски држави, пред се од регионот. Сите мочеа и не се пријавуваа за шампионатот. Што мислите за ваквиот однос? И дали сте на мислење дека имаше луѓе кои сакаа да ви наштетат?
-Јас не би се согласил со Вашата констатација дека имало недоверба од многу европски држави и регионот за организацијата на шампионатот, затоа што од моментот кога на Конгресот на ЕКФ нашиот претставник побара организација на ваков настан, ниту еден делгат не беше против. Напротив, сите гласаа „за“. Сигурно дека ние за овој гест на доверба сме благодарни и нема да ги изневериме во квалитетот на организацијата. Што се однесува до пријавите, сите имаат свои интереси, затоа што ова е официјално ЕП на ЕКФ. За нас сите се добредојдени без разлика од која држава доаѓаат. Ние сме подготвени да ги прифатиме на најдобар можен начин. Што се оденсува до последниот дел одова прашање, мислам дека нема потреба да се знаимаваме со рекла-кажала. Ние сме сериозна карате федерација со наша национална програма која е ускалдена со програмите и календарот на ЕКФ и ВКФ. И ќе работиме за реализација на тие програми и зголемувањето на нивото и квалиетот на каратето во Косово.
За многу кратко време направивте респектибилна репрезентативна екипа која на секое првенство се бори за медал. Какви резултати може да очекува вашата спосртска јавност?
-По промените на претседателството на КФК, главен акцент беше ставено на тоа да ги мотивираме и поддржуваме тренерите и судиите, за потоа да стручниот кадар да ни носи кавлитет. Очекуваме да бидеме меѓу успешните држави на ова ЕП со потенцијалот што го имаме.
Кој функционери на светското карате ќе дојдат во Косово?
-Претседателот на ВКФ Антонио Еспиноз и многу претседатели на национални федерцаии. Сите се добредојдени!
Какви односи имате со Карате федерацијата на Македонија?
-Имаме многу добри односи со КФМ и се надевам на уште поголема и посилна сериозна соработка на двете` соседни држави. Ви благодарм на вас и навашата редакција за ова интервју.
(Благодарност до секретарот на Карате унијата на Албанците во Македонија, Алјко Идризи, за преводот на интервјуто).
Ipon.mk/В.Д.