Конор Мек Грегор ја имаше последната борба пред повеќе од три години, кога ја скрши ногата против Дастин Пориер.
Мек Грегор оттогаш е во центар на внимание поради скандалозни потези, по што се шпекулираше дека ќе се врати во рингот, но очигледно такво нешто нема да се случи.
Ирецот прифати борба против Мејкл Чендлер, па се повлече, а за тоа свој коментар имаше и Ислам Махачев.
Враќањето на Мек Грегор веќе стана фантазија“, изјави Махачев во интервју за ТВ „Матч“ на прашањето за Ирецот. „Тој се обидува да остане релевантен со она што го зборува. Повеќе е во ноќните клубови отколку на тренинзите“.
Вреди да се напомене дека критиките на Махачев кон Мек Грегор не се изненадување. Откако Ирецот се соочи со Хабиб Нурмагомедов во есента 2018 година, двата тима постојано тргуваат со навреди. Мек Грегор постојано повикуваше на борба против Махачев откако Русинот стана шампион во 2022 година.
Сепак, оваа последна изјава најверојатно ќе предизвика одговор кај поранешниот шампион на УФЦ. Иако Мајкл Чендлер договори борба со Чарлс Оливеира, Мек Грегор се уште е активен на социјалните мрежи и повикува на пресметка. За жал на Ирецот, се чини дека ќе мора да почека уште малку за неговото враќање.