Ислам Махачев: Ќе победам поуверливо за да нема дилеми!

Ислам Махачев се закани дека во иднина ќе победи посигурно за да не се сомневаат во него.

Минатиот викенд Ислам ја одбрани титулата во лесна категорија. Дагестанецот се соочи со Александар Волкановски на УФЦ 284 што се одржа во Перт, Австралија. Махачев победи со одлука на судиите, но многумина не беа задоволни и сметаат дека Алекс требало да биде победник.

Контроверзната победа на Ислам го остави на второто место на „П4П“ ранг-листата, без разлика на категоријата. Требаше да ја заземе првата позиција, но тоа не се случи. Александар загуби, но сепак остана најдобриот ММА борец во светот.

Ислам рече дека секогаш ќе се враќа со титулата во родниот Дагестан.

„Мило ми е што успеав да се вратам со титулата за да ги направам сите среќни.

После тоа ќе тренирам уште повеќе за да победам уште посигурно, па нема сомнеж. Одам дома со овој појас.

Секогаш ќе се враќам со титулата“, изјави Махачев на аеродромот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON