Борбата со шампионот на УФЦ во лесна категорија, Ислам Махачев, ќе биде водечка на УФЦ 294 во Абу Даби на 21 октомври.
Веста ја објави поранешниот борец Чаел Сонен, кој моментално е аналитичар. Ова е сосема логичен чекор на УФЦ, бидејќи шеиците во ОАЕ се големи фанови на шампионот од Дагестан. Пред неколку недели Махачев изјави дека на УФЦ нема да му треба до октомври.
Махачев има 31 година, има 24 победи и 1 пораз во мешани боречки вештини. Русинот победи во 12 борби по ред. Тој стана шампион на УФЦ во лесна категорија на 22 октомври 2022 година, победувајќи го Бразилецот Чарлс Оливеира.
Според Сонен Махачев ќе ја брани титулата против победникот од борбата меѓу Оливеира – Бенеил Дариуш. Оваа борба ќе се одржи на почетокот на мај на УФЦ 288 во Лас Вегас.
Конасловна борба на УФЦ 294 се очекува да биде мечот во средна категорија меѓу Хамзат Чимаев и Пауло Коста.
View this post on Instagram