Ислам Махачев веќе знае кој ќе биде следен за него во кафезот на УФЦ.
Махачев ја освои сободната титула во лесна категорија, откако го заврши Чарлс Оливеира. Веднаш по борбата, Хабиб Нурмагомедов изјави дека би сакал да се бори со Александар Волкановски во февруари на настанот на УФЦ во Австралија.
Волкановски влезе во октагонот и застана лице в лице со Махачев. Двајцата решија битката да биде како шампион против шампион, а залогот е титулата во лесна категорија. Александар е шампион во перолесна категорија и ќе има шанса да стане двоен шампион.
Тој ќе го бара првото место на П4П листата на УФЦ. Тоа значи дека доколку Исламот го победи, тој ќе стане најдобриот ММА борец во светот. Махачев е во серија од 11 последователни победи и скор од 23-1 во ММА.
Волкановски од своја страна има скор 25-1 во ММА и е во серија од 22 последователни победи.