Ако Конор Мек Грегор го победи Мајкл Чендлер, може да печали борба за титулата. Шампионот во лесна категорија Ислам Махачев веќе се радува на тоа.
Сите знаат дека Мек Грегор има одредени привилегии во УФЦ, но од една страна тоа можеби е добро. Сите борци знаат дека ниту еден друг противник нема да им донесе поголема заработувачка, па затоа сите сакаат да се борат со него. И Махачев знае дека парите се во борба со Ирецот и не му пречи да се борат, бидејќи верува дека лесно ќе го здроби.
Ислам во моментов е без предизвикувач пред себе. Негов следен противник требаше да биде Арман Царукјан, кој нападна навивач на турнирот УФЦ 300 поради што доби деветмесечна суспензија. Ниту еден друг борец во дивизијата не ја заслужува таа шанса во моментов. Кој и да го добие нема да се должи на добри перформанси или резултати.
Затоа Ислам го таргетира Мек Грегор.
„Свесен сум како функционира овој спорт. Конор е светски позната суперѕвезда, а кога Дана Вајт вели дека тоа е шанса за титула, тоа е шанса за титула. Не ми пречи. Напротив, се радувам на тоа и ја оставам вратата отворена за таа можност.
Ако Конор може да побрза пред УФЦ да ми нафрли друг предизвикувач и пред да се искачам во полусредна категорија, тогаш можеме да се бориме. Верувам дека би била забавна борба. Забавно за мене, се разбира, бидејќи ќе го уништам и ќе го пензионирам. Отворен сум за можноста“, изјави Махачев за УФЦ Русија.
View this post on Instagram