Ислам Махачев ја откри тајната на неговата доминација.
Пред неколку месеци Боби Грин изјави дека Ислам користел стероиди уште од детството. Многу луѓе од опкружувањето на Махачев ги отфрлија тврдењата на Грин. И самиот Махачев рече дека ова е глупост.
Овој викенд Ислам се враќа во кафезот за да ја брани титулата во лесна категорија. Се среќава со Александар Волкановски во главната борба на УФЦ 284 што ќе се одржи во Австралија. Махачев е во серија од 11 победи и нема пораз 8 години.
Тој вели дека неговата доминација е резултат на тренинзите кои ги правел цел живот.
„Не сум како Боби Грин. Не се опивам и не правам лоши работи. Тренирам напорно, затоа се чувствувам толку силно. Сите борци велат дека ќе можат да се одбранат од мојата борба.
Сите велат дека ќе застанат на нозе ако ги соборам. Но, кога ќе започне битката, кога ќе ги спуштам на партер, сите ја чувствуваат мојата моќ и се предаваат.
Не затоа што сум толку добар, туку затоа што тренирам цел живот“, рече Махачев на прес-конференцијата.