Македонската самбо федерација ќе настапи со двајца натпреварувачи на Светското првенство во Бисехек, Киргистан, од 11 до 13 ноември. Боите на Македонија ќе ги бранат искусниот Далибор Богданов и надежната и талентираба Теодора Димеска.
Далибор Богданов (73 кг) ќе се бори во комбат самбо, а Теодора (50 кг) во спорт самбо.
Светското првенство е со големи парични награди. За првото место наградата е 10.000 евра, второто 5000 и третите по 3000.
Во делегацијата на македонската репрезетација се Славчо Тодоров, како официјално лице и претседателот на федерацијата Ердал Факиќ кој ќе присуствува на когресот на ФИАС.