Ирска реклама со Мејведер забранета поради расизам!

Реклама за ирска онлајн обложувалница „Paddy Power“, на која се наоѓа боксерската супер ѕвезда Флојд Мејведер, е забранета од страна на англиската агенцијa – АСА, која го има главниот збор во таа земја кога е во прашање одобрувањето и соодветноста на медиумските содржини.

Причина за забраната се многуте забелешки на оваа реклама добиени на сметка на потенцијалниот расизмот која го содржи во себе, иако Мејведер го одобри спорниот рекламен слоган.

За што точно се работи?

Уште во август, во пресрет на милионскиот мега меч, оболожувалницата „Paddy Power“ одлучи да ја искористи ситуацијата и кокетирањето на Конор со расизмот во некои моменти на промотивната турнеја. Го ангажирале Мејведер и направиле прилично едноставна реклама со слоганот – „Секогаш оболожувај се на црно“ (затоа што проверивме и само еден од нив е боксер).

Претставниците на АСА во соопштението за реномираниот Би Би Си истакнаа дека се „свесни дека расизмот во рекламата не е насочен кон Флојд Мејведер, и тоа дека славниот боксер ја ваторизирал оваа реклама и рекламната порака“. Но, и покрај ова, дел од јавноста таквиот начин на рекламирање го сметаат за навредлив, па АСА нагласи „дека рекламата сугерирала дека се работи за дуел на две раси“, што е спротивно на правилата и не е прифатливо.

Paddy Power, исто така се ијави со соопштение во кое тврдат дека нивната цел не била некого да навредат, но и тоа дека рекламниот слоган е „украден“ од филмот „Патничк 57“ од 1992 година.

Мејведер во текот на службеното мерење носеше шорцеви токму со рекалмата за Paddy Power. На него расизмот во рекламата не му сметаше. Додека за него беше дебело платен…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON