Лас Вегас и МГМ Гранд Гарден Арена викендов ќе бидат домаќини на најголемиот ММА настан годинава. Главниот град на забавата, за оваа прилика приморана подготвено ги пречека десетици илјади ирски фанови, кои веќе одамна ги имаа резервирано влезниците за местата од каде што ќе го поддржат нивниот херој Конор Мек Грегор.
Присетете се како беше само во Скопје, кога фудбалската репрезентација на Македонија играше со ирската селекција, но сега за неколку илјади повеќе!
Дел од „Зелената инвазија“ е пристигната во најголемиот град во Невада. МГМ Гранд, на Белаџио, Луксор и Мираж се само некои од преполнетите хотели кои деновиве точат пиво во хектолитри и виски.
Угостителите од позитивен страв ангажира дополнителен персонал.
„Обично ни е доволно 25 лица, но за оваа прилика имаме повеќе од 40 луѓе кои ќе се грижат за желбите на нашите гости. Најмногу нарачавме „Гинис“ и „Џејмисон“ во историјата на ресторанот. Во јули ни снема, па сега не сакаме да ризикуваме“, вели Џон О’Донел, еден од сопствениците на ресторани во МГМ.
Ова ќе биде втора ирска инвазија на Лас Вегас, во последните пет месеци. Да потсетиме, ирски навивачи во поприлично голем број го проследија и УФЦ 189 на кој нивниот миленик Мек Грегор, во мечот со Чад Мендес, го освои појасот на привремен шампион.
Спектакуларниот дуел, на кој ќе бидеме сведоци во ноќта од сабота спрема недела, ќе даде одговор на прашањето кој е вистинскиот владетел на перолесна категорија.