Ипон е победник на екипното Државно џудо првенство за сениори во мешан состав откако извојува четири победи.
Второто место му припадна на Сеишин од Прилеп со 3 победи и 1 пораз од екипата на Ипон, а Дрим од Струга е трет, кој со тесен резултат влезе во последното коло и го победи ЏК Работнички. Двете екипи во пресметката влегоа со израмнет број на бодови (победи) и директно одлучуваше кој ќе биде медалист за бронза.
На Државното екипно првенство настапија Сеишин, Дрим, Ипон, Кожувчанка и Работнички.
А на Државното првенство за зетерани златни медали освоија 14 ветерани и тоа:
М9/-66кг Здравески Киро
М9/-81кг Спиркоски Маке
М6/-90кг Стојановиќ Миодраг
М6/-100кг Ангелов Методија
М5/-100кг Рајков Ромео
М4/-100кг Мицкоски Горан
М5/-73кг Димоски Сашо
М4/+100кг Ристески Мартин
М5/-66кг Стојановиќ Дејан
М3/-100кг Кочески Златко
М2/-81кг Божиновски Никола
М2/+100кг Божиноски Јове
М3/+100кг Јошески Дарко
Ф2/70кг Лазарова Јованка