Џудистите на Ипон се закитија со 11 медали на Државните првенства во џудо за јуниори и ветерани што денеска се одржа во Прилеп. Во јуниорска конкуренција се освоени 9 медали – 3 златни, 3 сребрени и 3 бронзени, додека ветераните освоија две злата.
Претендентите за репрезентацијата добро одработија, а ветераните Ѓорги-Гоше Хубрев и Никола Божиновски изненадија со формата што ја покажаа.
Резултати – Државни првенства за јуниори и ветерани:
Резарт Хисени прво место -66кг
Еди Шерифовски прво место -81кг
Румејса Фејзула прво место -70кг
Катерина Спасовска второ место +78кг
Ердит Османи второ место -60кг
Елена Попоска второ место -70кг
Сухејб Хајрулаху трето место -66кг
Ердин Кадриу трето место -81кг
Христијан Сарафов трето место -90кг
Фисник Фрјзулау петто место -60кг
Исен Демирсхаји петто место -81кг
Ветерани
Никола Божиновски прво место М2 -81кг
Ѓорги Хубрев прво место М4 -100кг