Ипон е екипен првак на Македонија откако во финалето ја солвалада екипата на Сеишин на Државното џудо екипно превнство во Кочани.
Трето место и припадна на екипата на Кожуфчанка по победата над Гладијатор од Кочани.
На Првенството во организација на ЏФРСМ и техничка организација на ЏК Гладијатор – Кочани учествуваа вкупно 4 клубови: Сеишин-Прилеп, Ипон-Скопје, Кожувчанка – Кавадарци и Гладијатор -Кочани.
Екипите беа поделени во две групи, па така во првото полуфинале Ипон беше подобар од Кожувчанка, а во второто Сеишин славеше над Гладијатор.