ИОК со 800 милиони долари за помош поради одложувањето на Олимписките игри

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) издвои 800 милиони долари за да се ублажат тешките економски последици поради одложувањето на Игрите во Токио.

Олимписките игри кои требаше да се одржат ова лето во Токи се одложени за наредното поради пандемијата на коронавирусот.

ИОК одлучи да им помогне на организаторите но и на националните олимиски комитети. Организаторот ќе добие 650 милиони долари, додека 150 милиони долари ќеќ бидат поделени на меѓународните спортски федерации и националните олимписки комитети.

„Оваа ситуација со коронавирусот бара од сите нас да се жртвуваме. Ќе сториме се да ги смалиме трошоците поради одложувањето на ОИ и да го задржиме духот на олимпизмот“, изјави претседателот на ИОК, Томас Бах.

Бах одби да ги коментира претходните најави на организаторите дека доколку не се пронајде вакцина за коронавирусот во догледно време, ОИ може повторно да се одложат и тогаш Токио ќе се откаже од организацијата.

„Имаме уште една година и два месеци, рано е да се носат било какви заклучоци“, додава Бах.
Новиот термин за одржување на ЛОИ во Токио е од 23 јули до 8 август 2021 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON