ИОК нема да му го одземе медалот на мртвиот борач

besik-kuduhov

ИОК нема да му го одземе сребрениот медал од Олимпијадата во Лондон во 2012 година на починатиот руски борач Бесик Кудухов кој имаше позитивен тест на ре-тестираните примероци на стероидот Туринабол.

 Четирикратниот светски шампион освои сребрен медал во категоријата до 60 килограми во слободен стил, а почина во сообраќајна несреќа една година по Олимпијадата во Лондон.

„Интернационалниот олимписки комитет нема да му го одземе медалот на Бесик Кудухов“, потврди потпретседателот на Светската боречка федерација, Георги Брјусов.

Освојувачот на бронзениот медал, Јохешвар Дут неодамна изјави дека нема да го прими сребрениот медал по вестите за позитивниот тест.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON