Давид Крстески најдобар натпреварувач на „Словенија опен 2016“ (ФОТО)

david-krsteski-najdobar-voslovenija

Давид Крстески  е прогласен за најдобар натпреварувач на „Словенија опен 2016“ во Зрече, Словенија. Крстевски кој има само девет години ги прегази противниците.

hva-rang-itf-so-celnicite-na-itf-vo-slovenija

Натпреварувачите на Хва ранг ИТФ освоија седум медали – 1 златен, 3 сребрени и 3 борнзени медали, како и пехарот за најдобар натпреварувач за деца до 10 години.

„Бевме оштетени од страна на судиите во финалните борби. Нашите натпреварувачи беа многу подобри, но, за жал, пристрасноста победи, а тоа резултираше со расправија меѓу судиите, поради лошите одлуки спрема нашите претставници, а воедно имаше и дисциплинска за некои од нив“, вели тренерот Маријанчо Лазаревски.

Освојувачи на медали се:

Давид  Крстески –златен, форми деца – жолт појас и сребрен медал во борби -30 кг за деца до 10; Елена Јанеска – сребрен, форми девојки 10- 14 години – жолт појас;

 Давди Велковски сребро, форми јуниори – зелен појас.

Хриситјан Митрески – бронза, борби, кадети до 14 години + 60 кг;

Антонио Јанески – трето место, борби, кадети до 14 години, -45кг;

Јане Димов – трето место, борби, јуниори, 14-18 години, -75 кг.

hva-rang-itf-ekipata-vo-slovenija

„Давид Крстески, по извонредниот настап во Добој, ни приреди уште поголемо изненадување на овај турнир, при што ги прегази своите противници во две дисциплини и во борби и во форми, при што се закити со два медали – златен во форми и сребрен во борби, притоа беше оштетен во финалето во борби од страна на судиите. За среќа, тоа беше забележано од страна на организаторите и високите претстсавници на ИТФ, кои заслужено му го доделија пехарот за најдобар млад кадет на овај тунир. Со тоа не направи пресреќни, затоа што никогаш не очекувавме некој наш претставник да земе пехар, посебно од ваков врвен турнир, а за возврат, на некои судии ќе им бидат одземени лиценците за судење. При доделувњето на пехарот, што за нас беше изненадувње, нашите претставници го дочекаа со огромна радост и кај повеќето од нив се гледаа солзите радосници“, истакна Лазаревски.

Словенија опен е еден од најсилните и најпрестижни турнири на овие простори, на кој учество зедоа 620 натпреварувачи од 32 клубови од 12 земји. Нашата држава ја претставуваа членовите на Теквондо клубот Хва ранг ИТФ  од Лескоец-Охрид, со 12 натпреварувачи. Покрај Македонија, настапија и Бугарија, Србија, Босна ,Грција, Хрватска, Италија, Молдавија, Словенија, Романија,Велс и Чешка.

На отворањето на турнирот  беа првите луѓе на ИТФ, претседателот  проф. мастер Ри Јонг Сон, потпретседателот мастер Марио Богданов, генералниот секретар на ИТФ Ким Хјонг Рак, претседателот за организирање на турнири во ИТФ проф. сениор гранд мастер Ким Унг Чол кој е еден и од најдобрите мајстори во светот, а тука беше и претседателот на Европската ИТФ, гранд мастер Мајкл Пруит.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО