ИОК го вклучи каратето на Младинските олимписки игри 2018 во Аргентина

petar-zaborski-borba-so-agaev

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет вчера донесе одлука да го додаде каратето на спортската програма во 2018 година на Младинските олимписки игри што ќе се одржат во Буенос Аирес (Аргентина).

Одлуката претставува уште едно признание за оваа спортска дисциплина по нејзиното вклучување во програмата на Олимписките игри во Токио 2020 која беше потврдена од страна на МОК на 129 сесија во август.

Светската карате федерација (ВКФ) и карате спортот ќе имаат можност да го покажат влијанието и силата на милиони млади каратисти на следното издание на Младинските олимписки игри. Градот Буенос Аирес (Аргентина) ќе биде домаќин на настанот од 1 до 12 октомври 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON