ИОК го признава само редовното годишно Собрание на МОК

Со вториот допис на Интернационалниот олимписки комитет до македонскиот олимписки комитет информира дека не признава паралелно собрание и побара од МОК, Aгенцијата за млади и спорт и  националните федерации да поработат на нови законски решенија за унапредување на македонскиот спорт и проблемите да ги надминат на редовно годишно собрание.

Во дописот до МОК се информира јавноста дека на одржаниот состанок во Лозана во седиштето на Интернационалниот олимписки комитет присуствувале претставници на Македонскиот олимписки комитет на чело со претседателот Тупурковски, потоа претставници на Владата Даниел Димовски и Ѓорѓи Тасев, како и Жером Поиви  претставник на ИОК.

На средбата е потенцирано дека во најбрзо време треба да се направи нацрт-изработка на ново спортско законодавство, да се потпише меморандум за разбирање помеѓу владината Агенција за спорт, МОК и националните спортски федерации во нашата земја, да се направи ревизија на статутите на националните федерации и да се изврши Ажурирање на Статутот на Националниот олимписки комитет во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Интернационалниот олимписки комитет кетегорично одбива постоење на паралелно собрание и инсистира присуство на сите засегнати страни на Редовното годишно собрание што МОК го закажа на 21 декември.

Собранието ќе се одржи  во согласност со Статутот на Националниот олимиски комитет и Олимписката повелба и на кое прашањата кои беа поставени, ќе бидат проследени и решени во дописот на ИОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON