Иницијативен одбор за свикување на вонредно собрание: Претседателот Белистојаноски доброволно да си поднесете неотповиклива оставка

Иницијативниот одбор за свикување на вонредно собрание испрати исвестување со барање до претседателот на Карате федерацијата на РС Македонија, Петар Белистојаноски, доброволно да си поднесете неотповиклива оставка за решавање на постоечките проблеми во карате спортот.

Ви го пренсуваме во целост барањето на Иницијативниот одбор за  свикување на вонредно собрание.

„Во врска со одлуката донесена на ден 22.05.2022 година од страна на ИО на КФРСМ потпишана од ваша страна како претседател на КФРСМ а  доставена по електронски пат до клубовите  членки на КФРСМ, ве известуваме дека и со оваа одлука продолживте да ја покажувате вашата непрофесионалност и нестручност што уште еднаш докажавте дека немате знаење и капацитет да ја водите Карате федерацијата на КФРСМ.

Како што може да се види од мејлот кој ни е доставен од канцеларијата со која вие раководите, Извршниот одбор на КФРСМ на 22.05.2022 година донел одлука за измени и дополнувања на Правилникот за избор и работа на држаните репрезентативни селекции на РС Македонија..Видно од точка 5 оваа одлука стапила на сила со денот на нејзиното донесување значи на 22.05.2022 година а се однесувала  за сите клубови членки на КФРСМ со што било побарано мислење и ставови околу донесувањето на новиот Правилникот за избор и работа на држаните репрезентативни селекции на РС Македонија. Иако постоела ваква одлука истата не била доставена до клубовите и не било побарано никакво мислење и сугестија. Во меѓувреме на ден 20.07.2022 година, после два месеци од донесување на оваа одлука, ИО на КФРСМ со своето нестручно и од некого нарачано постапување, носи правилник со кој му даде неограничени овластувања и права, како и му додели неограничени познавања од области на спортот, психо-физички и  медицински способности на селекторот на репрезентацијата, кој воедно не е ниту психолог ниту доктор. Овој селектор подоцна беше избран првпат во историјата на нашата федерација да биде селектор на сениорската и на У 21 репрезентација. Претпоставуваме дека  ИО на КФРСМ го знаел неговото име од претходно па затоа побрзал со носење на нов правилник,  а со неговиот избор ја заокружил нарачаната мисија која ја имал. На вака предложениот правилник за донесување (нејасно е кој го составил текстот на правилникот) на седницата на ИО на КФРСМ  се спротиставиле  и неколку членови со право на глас, меѓутоа и покрај нивното противење, правилникот е усвоен со надгласување, а како награда за укажувањето дека овој правилник не е добар членовите кои се спротиставија беа разрешени од фунциите.

По бурната реакција од повеќе клубови и тренерски имиња во карате спортот после три  месеци од донесување на оваа одлука, истата се доставува со барање на мислења и забелешки на веќе донесниот и тотално промашен Правилник за избор и работа на држаните репрезентативни селекции на РС Македонија..

Вашето непрофесионално, неодговорно и нарачано постапување не може да го сокриете со вакви очајнички обиди и со доставување на задоцнети одлуки донесени под притисок, по серијата на реакции, а воедно знејќи дека во исто време поголем дел од клубовите бараат промени и ваше заминување од  фукнкциите во карате федерацијата.

Поради тоа ве известуваме дека од клубовите кој не се задоволни од вашето работење нема да добиете никакви мислења и предлози, бидејки претходно повеќе пати ви доставувавме и ви укажувавме за проблеми, се со цел за подобрување на состојбите во федерацијата. Но, од ваша страна бевме игнорирани и маргинализирани, па дури и дисциплински казнувани. Повторно ќе кажеме и тоа дека и од страна на Комисијата за заштита од дискриминација имате мислење и препорака дека правилниците не се добри и се дискриминирачки, меѓутоа, очигледно е дека нема капацитет во оваа гарнитура на ИО на КФРСМ предводена од вас како претседател на КФРСМ да ги разберете овие укажувања. Затоа од вас:

Бараме доброволно да си поднесете неотповиклива оставка, со што ќе покажете имате морални вредности и со малку доблест и ќе придонесете за решавање на постоечките проблеми во карате спортот и ќе овозможите на некој друг кој има план и визија за успешно водење на овој спорт, а со цел за напредок на сите, вклучувајки ве и вас како тренери на клубови и на каратистите кои се членови во вашите клубови.

Воедно ве известуваме дека незадоволните клубови од вашето работење веќе имаат изготвено нов Правилник за избор и работа на држаните репрезентативни селекции на РС Македонија кој ќе стапи на сила веднаш по вашето заминување од функциите што ги имате во Карате федерацијата на РСМ“, се вели во известувањето и брање на Иницијативен одбор за  свикување на вонредно собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON