Џулиус Индонго (22-0, 11 КО) уште еднаш патуваше на гостински терен и дома се врати како победник.
34-годишниот левак од Намибија со убедлива одлука на судиите во Глазгов го победи Рики Барнс (41-6-1, 14 КО) и ги обедини ВБА, ИБФ и ИБО светски титули во полувелтер категорија.
Судиите борбата ја бодуваа 116-112, 118-110 и 120-108 за Индонго.
Теренс Крафорд ги држи ВБЦ и ВБО насловите во оваа категорија и пред борбата изјави дека е заинтересиран за меч со победникот.
https://youtu.be/rY9CzFvbjOI
.