Уште една значјна и голема личност на македонското карате си замина од овоземскиот живот – Златко Богески – Ѕвер.
Погребот на Златко Богески е утре на гробиштата Бутел. Сите оние што скаат да му оддадат почит тоа ќе може да го направат од 11:30 часот во капела 2.
Богески е еден од првите каратисти во Прилеп од 1972 и е активен до 1993/1994 година.
Карате клубот Прилеп кој почна да функционира во 1972 година, а каде што главни и инструктори во тоа време се Кирил Иваноски – Дрцко и Борис Темоски – Бонтоно, во 1978 година, по студирањето во Скопје, Богески се враќа во клубот и носи новитети. Потоа се спојуваат неколку клубови во еден КК Прилеп.
Според многумина, оттогаш почнува вистинското спортско карате. По четири – пет години картаистите поминуваат во КК Енергоинвест, кој беше своеведен македонски дрим тим и настапуваше во Првата лига на Југословија.
За овој супер клуб натсапуваа: Златко Богески, Дрцко, Бонтоно, Златко Пирганоски, Петар Камчески, Тони Мечев, Љупчо Трајкоски и суперзасилувањата Јорго Огненовски, како врвен репрезентативец на Југославија, па Назим Куртовиќ, Игор Маџар, Димче Савевски.
Енергоинвест е републички првак, прв и во Втората лига, со што се пласира во Првата југословенска лига, каде што се натпреварува до распадот на СФРЈ. Енергоинвест го сметаа за еден од најатрактивните клубови во бивша Југословија.
Ipon.mk