Легендата на македонскиот бокс Живко Дуковски денес го напушти овоземскиот живот. Спортската јавност жали за основачот на Златниот гонг и тренерот кој создаде врвни боксерски имиња со кои освојуваше медали на Олимпијадите, светските и европските првенства.
На 4 август легендарниот Живко Дуковски, кој е роден на 5 август 1938 година, го освои првиот боксерски медал за Македонија на Државното првенство на Југославија во 1957 година, кој стигна до финалето и таму беше поразен од далеку посикусниот Миодраг Љубомировиќ.
Ова беше голем успех за Македонија, а по враќањето Дуковски е пречекан од многу народ на железничката станица во Скопје. Боксерот на Метеалец од Скопје со своите 19 години изненади многумина, но со борбеноста и пожртвуваноста заслужено се најде во финалето. Оттогаш Дуковски ги трасира победносните патеки на македонскиот бокс.
Дуковски во едно интревју за Ипон.мк ќе рече дека ѓаволски тешко било да се стигне до медал во поранешна Југсолавија која важеше за светска велесила во боксот.
„Како првак на Македонија во мува категорија, добив право да учествувам на Државниот шампионат. Кога ќе помислев кој се може да ми се падне, не можев да замислам дека ќе стигнам толку далеку. Во осминафиналето во Титоград (денешна Подгорица) со нокаут го совладав Козлина, потоа Србинот Маџиров и во полуфиналето Хрватот Богуновиќ. Беше вистинска сензација откако и него го пратив на подот и го победив со технички нокаут во третата рунда. Ми се исполни сонот и стигнав до финалето“, се присети тогаш Дуковски на далечната 1957 година.
Борбата на стадионот Таш е ногвата животна битка пред голем аудиториум кој дотогаш не го видел. Љубомировиќ бил боксер со импресивен скор, а Дуковски со само 10 борби. Првата рунда успешно ја минува, иако неговиот противник важел за голем фајтер и разурнувач. Во втората Љубомировиќ тргнал на се или ништо, оти знаел дека Дуковски е подобар техничар. Во еден момент го погодил со лево кроше во брадата, а тој на осум веќе бил подоготвен за борба, но неговиот тренер Бато Ѓоргевиќ се исплашил да не биде нешто полошо влегол во рингот и ја предал борбата.
„Сепак, тоа беше мојот најсреќен ден во животот, бев бодрен од публиката, на која и ги освоив симпатиите во претходните борби“, рече Дуковски.
„Од Белград се вративме со воз, а на станицата ме чекаше толпа луѓе. Сите скандираа „Живче, Живче, Живче…“. Од железничката до плоштадот ме носеа на раменици, каде што продолжи веселбата“, го опиша најсреќниот миг во животот Дуковски, кој наместо фудбалер на Вардар станал боксер, по заслуга на Лазар Лечиќ и Љубомир Фишиќ.
Дуковски е основач на „Златниот гонг“, како тренер има многу државни прваци во сите конкуренции, а асови кои се профилирале под негово раководство се: Самоилосвки, Неџат Мемети, Руждија Калач, Азиз Салуху, Реџепагиќ, Василев. Беше селектор на македонската селекција и еден од најуспешните тренери на државните првенства. Едно време работи и со Аце Русевски и Реџеп Реџеповски кои освоија бронзени медали на Олимпијадите. Со руждија Калач во БК Скопје го подготвија Мумин Вели да освои две бронзи на европските првенства. Дуковски е избран во 10-те најуспешни тренери на векот во Македонија, беше член на Македонскиот олимписки комитет, а доби и големо признаие од ЕАБА, станувајќи член на Техничката комсија, како единствен Македонец.
Основачот на Златниот гонг, Живко Дуковски, за почетокот на турнирот во далечната 1969 година, наведе дека се одржал во циркуски шатор во паркот во Скопје, затоа што немало сала. Но, затоа имало имиња како Мате Парлов, Марјан Бенеш, Звонко Вуин, Аце Русевски и други.
Дуковски е добитинк на повќе награди и признанија, како „13 Ноември“ на Град Скопје“, „8 Септември“ на АМС, БФМ и други.
Погребот ќе биде во вторник во Скопје. Чекаме дополнителни информации од семејството во колку часот ќе биде погребот.
Почивај во мир легендо!
Не напушти, но делата и резултати остануваат!
Сочуство до семејството.