ИН МЕМОРИАМ – Мирослав Петровиќ: Пред бардот на југословенскиот бокс стоеја мирно Парлов, Русевски, Реџеповски…

Мате Парлов, Мирослав Петровиќ и Аце Русевски

Македонскиот бокс се раздели со тренерот на векот, Мирослав Петровиќ – Пјетро, кој вчера почина во Куманово.

Мирослав Петровиќ и Мирко Пузовиќ

Мирслав Петровиќ е заслужен за многу боксерски шампиони и олимпијци до поранешна Југославија и Македонија. Во Куманово доаѓа во 1972 година откако разбрал дека во овој град има феноменални боксери.

„Пред бардот на југословенскиот бокс, многумина боксери, меѓу кои и Мате Парлов, Аце Русевски и Реџеп Реџеповски, стоеја мирно. Легендарниот тренер Мирослав Петровиќ, е заслужен за многуте олимписки, европски и светски медали на многу врвни боксери. Олимписко Куманово имасе чест тој да биде еден од главните тренери на БК Куманово“, пишува на страницата Кумановски бокс по повод собирот на светскиот и олмиписките шампиони од регионот во Куманово минатата година,

Петровиќ од Боксерска федерација на Македонија е прогласен за боксерски тренер на векот, а Европска боксерска федерација во 2000 година му додели титула за најдобар европски тренер.

Во кариерата долга над 40-години, која беше плодна и успешна, ги има тренирано боксерските легенди на бивша Југославија – Мате Парлов, Аце Русевски и Реџеп Реџеповски и има освоено бројни светски и олимписки медали. Тој беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација и македонскиот тим.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON