Почина доајенот на македонското борење и великан на боречкиот спорт Бојан Рангелов (84 години).
Бојан Рангелов е синоним за Боречкиот клуб Вардар, затоа што тој е од првите денови на формирањето на клубот во 1960 година, па се до денес и е првиот олимписки тренер.
Рангелов е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело во спортот, која во 2014 година официјално му беше врачена во Владата на Република Македонија од директорот на Агенцијата за млади и спорт на РМ.
Рангелов е награден и за заслугите за развојот на спортот во нашата земја, како темел патоказ и за сите идни генерации.
Во 1966 година е дел од репрезентацијата на Југославија иосвојува неколку балкански медали. Како тренер, на Европското првенство во Скопје освојува две олимписки норми со борачите Симеон Шутев и Борче Димовски, но поради адимистративни причини не отпатува за Мексико Сити 1968 година. Затоа пак со сафер Салиевски го освојува првиот медал на европските првенства. Тој е селектор на репрезентацијата која настапи на Олимписките игри 1972 година во Минхен-Германија, и на оваа функција е до 1976 година.
Прв тренер на Вардар е до 1993 година кога става крај нан богатата кариера.
Погребот е закажан за утре 7 август, а телото во капелата во Бутел ќе биде изложено во 11:300 часот во Скопје.
Сочувство до семејството Рангелови.
Ipon.mk