Денеска на вонредното Собрание на БК Лирија Имер Кадријовски едногласно е избран за претседател на клубот.
Кадријовски доаѓа на местото од Бетим Вренези кој седум години го водеше клубот, но веќе од минатата година не ја извршува оваа функција поради тоа што стана претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).
„Новиот претседател вети дека ќе стори се што е можно, заедно со неговата екипа во Управниот одбор, Лирија да стане уште помоќна и резултатски и финансиски“, велат од клубот.
Кадријовски е поранешен борач на Лирија кој живее и работи свој бизнис во Минхен. И претходно никогаш не се штедел да помогне во се што е создадено и изградено до сега во Лирија.