Насурдин Имамов (16-4) по се изгледа си ја заслужи позицијата задолжителен предизвикувач за светската титула во средна категорија откако го нокаутира Израел Адесања (24-5) на главниот настан на УФЦ во Ријад.
Французинот го искористи моментот за да здаде силно десно кроше во брадата на „Изи“ во почетокот на втората рунда. Нигериецот беше соборен на подот и таму се наведна во тивка одбрана, чекајќи да се прекине борбата.
До тој момент, Адесања се држеше добро, но се чинеше дека нешто од неговото вообичаено однесување во кафезот недостасува. Годините во мешаните боречки вештини го направија својот данок, а порано или подоцна овој момент, за жал, доаѓа дури и за легенда од неговиот ранг.
Не го видовме „Стилбендер“ како ги соблекува ракавиците по мечот, но на прес-конференцијата подоцна сигурно ќе мора да одговори на прашањата за неговото пензионирање, бидејќи тешко дека некој сака да види повторување на ситуацијата со Тони Фергусон (26-11).
https://twitter.com/UFCFRA/status/1885774977254724066
Главна карта:
Насурдин Имавов – Израел Адесања со ТКО Р2, 0:30
Мајкл Пејџ – Шара Магомедов со одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Сергеј Павлович – Жаирзињо Розенструик со одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Винисиус Оливеира – Саид Нурмагомедов со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Фарес Зијам – Мајк Дејвис со одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Прелими:
Мухамед Наимов – Каан Офли со одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Шамил Газиев – Томас Петерсен со ТКО Р1, 3:12
Теренс Мекини – Дамир Хаџовиќ со ТКО Р1, 2:01
Јасмин Јасудавичиус – Мајра Буено Силва со одлука (30-27 x3)
Богдан Град – Лукас Александар со ТКО Р2, 4:22
Хамди Абделвахаб – Џамал Погес со одлука (27-30, 29-28 х2)