Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал ја минаа последната пречка на патот до нивниот долгоочекуван судир. Двајцата го поминаа мерењето за главниот настан на УФЦ 272, кој треба да се види во недела рано наутро, по македонско време.
Ковингтон и Масвидал ќе се соочат во полусредна категорија во Лас Вегас. Денеска успеаја да ја зголемат потребната тежина за да не претрпат парична казна или битката да им пропадне. Тие имаа апсолутно идентични тежини пред средбата. Во октагонот ќе влезат со по 77,34 килограми.
⚖️ = 170.5lbs@ColbyCovMMA flashes the 3-0-5 as he makes weight!#UFC272 | Saturday | BT Sport 1 HD pic.twitter.com/0MKcdlBmOy
— UFC on TNT Sports (@ufcontnt) March 4, 2022
Jorge Masvidal est au poids #UFC272 pic.twitter.com/jAJJkdDngy
— MMA EMPIRE ⚔️ (@LempireMMA) March 4, 2022
Гала вечерта вклучува уште неколку навистина возбудливи битки. Меѓу нив е и пресметката меѓу Кевин Холанд и Алекс Оливеира. Интересно, тие имаат иста тежина од 77,11 килограми. Слична е ситуацијата и со Едсон Барбоза и Брајс Мичел, кои тежат по 66 килограми.
Секој од нив покажа одлична форма, што навестува навистина возбудливи натпревари. Не случајно многу експерти го прогласија УФЦ 272 како една од најинтригантните гала вечери во кои нема да има битка за светска титула.
ГЛАВНА КАРТА
Средна категорија: Колби Ковингтон (77,34) – Хорхе Масвидал (77,34)
Под 73 кг: Рафаел дос Анчос (72,58) – Ренато Моикано (72,58)
Перо категорија: Едсон Барбоза (66) – Брајс Мичел (66)
Средна категорија: Кевин Холанд (77,11) – Алекс Оливеира (77,11)
Тешка категорија: Грег Харди (120,66) – Сергеј Спивак (110,45)