Самбо и ММА легендата, Федор Емелијаненко денеска го прослави 44-тиот роденден. Русинот беше поздравен од илјадници фанови на социјалните мрежи и форуми.
Во каналот на „fedorteam_mmа“ на Инстаграм, Последниот император доби срдечни желби.
Неговите обожаватели од целиот свет коментираа под фотографијата и му се заблагодарија за десетиците одлични моменти.
Федор доби честитки од голем број познати личности, политичари и руски дипломати во странство.
Емелијаненко остава неизбришлива трага во светот на боречките вештини. Во зората на шампионатите во ММА и Прајд тој ги освои симпатиите на милиони луѓе.
🎁World-renowned, legendary 🇷🇺#Russian #MMA heavyweight fighter & sambist, Fedor #Emelianenko celebrates his 4⃣4⃣th birthday🎂! He is widely considered to be among the greatest #mixedmartialartists in history, dominating the sport during his years in Pride Fighting Championships. pic.twitter.com/iQRf4MBQNv
— Russian Embassy in Sri Lanka (@RusEmbSriLanka) September 28, 2020