Вчера рано наутро илјадници Руси се собраа во градот Екатеринбург за да му дадат поддршка на Петар Јан пред неговата борба.
Руските медиуми тврдат дека точната бројка е 6.000 Руси. Во концертната сала Сима-Ленда беа емитувани најдобрите моменти од настапите на Јан за време на дружењето на навивачите, кој го претставува клубот Архангел Михаил.
Јан за неколку часа ќе влезе во кафезот да се бори за неприкосновената титула во петел категорија. Тој се среќава со својот Алџамејн Стерлинг во главната борба на УФЦ 273 на Флорида.
Пред една година Јан ја заложи неприкосновената титула против Стерлинг и успеа да доминира во борбата. Сепак, заради недозволен удар загуби по дисквалификација. Така Стерлинг ја освои титулата и ја држеше една година без да ја брани.
Еве фотографии и видеа од илјадниците фанови кои го поддржаа Јан: