Илјадници навивачи го пречекаа Топурија на аеродромот во Тбилиси (ВИДЕО)

Илија Топурија се врати дома во Грузија, каде што илјадници обожаватели го пречекаа на аеродромот во Тбилиси.

Шампионот на УФЦ во перо категорија е во татковината на своите родители. Роден е во Германија во семејство на Грузијци. На 7-годишна возраст Топурија се вратил во Грузија, каде што започнал да тренира борење. На 15-годишна возраст се преселил во Шпанија, каде што започнал со ММА.

27-годишната ѕвезда ја освои титулата во перо категорија во февруари. Тогаш Топурија во втората рунда го нокаутира Александар Волкановски и ја понесе титулата. Илија има скор од 14-0 во ММА и има завршено 13 борби. Сега ужива во славата и навивачите се собираат да го видат.

Илија планира да се бори уште 5 години и сака да се врати на крајот на годината. Тој сонува да биде главен на гала вечер на УФЦ во Мадрид, Шпанија. Вака беше пречекан Илија во Тбилиси:

https://twitter.com/iHeartGeorgius1/status/1769743137214230887?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1769743137214230887%7Ctwgr%5Eccf0544296d0bc73adc5ac73e70408cc1e5b9618%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2FiHeartGeorgius1%2Fstatus%2F1769743137214230887image%3D

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON